Хотел Гогов домаќин на Првиот Интернационален Семинар За фудбалски тренери

Одличната местоположба, одличните капацитети и технички можности како и добрата организација, придонесоа Хотел Гогов да се афирмира како традиционален домаќин на конгреси, конференции,  симпозиуми и настани од најразличен карактер.

Од 27.06 до 30.06.2019 Хотел Гогов, на наша чест и задоволство ќе биде домаќин на првиот Интернационален семинар за фудбалски тренери во Македонија.

Хотел Гогов e првиот и единствен хотел кој се наоѓа во центарот на градот Пехчево, градот во северо-источниот дел на Малешевската котлина, во близина на границата со Република Бугарија. 


Хотел Гогов располага со капацитети за сместување до 50 гости, во различен тип соби и апартмани. 



Покрај вообичаените содржини ресторан со бар, летна тераса и опремена конференциска сала погодна за организација на различен тип настани.Во опремата за конференциските услуги е вклучено користење LCD проектор, платно, Flip Chart табла, звучници, маркери, хартија, WiFi интернет.  Хотел Гогов располага и со дополнителни содржини и активности на услуга на гостите. 



Во склоп на самиот хотел се и СПА центарот со насекаде ценета и барана финска сауна, традиционалната турска парна бања, а за што поголемо уживање и препуштање на хедонистичките задоволства релаксацијата може да продолжи во некоја од салите за масажа или џакузи. Хотел Гогов располага и со комплетно опремен фитнес центар. 

СПОРТСКИ КОМПЛЕКС

Спортскиот комплекс во Пехчево располага со терени погодни за фудбал. Во склоп со спортскиот комплекс се достапни и спортски гардероби опремени согласно потребните стандарди. Спортската сала, како дел од спортскиот комплекс во Пехчево е опремена со уреди за ладење и греење, што ја прави соодветна за подготвителни спортски тренинзи во сите годишни периоди. 

Погледнете ја целата галерија од хотел Гогов на следниот линк

Поврзани вести