Актуелно

Прв Интернационален Семинар За фудбалски тренери

Фантастична можност за да учите од најдобрите. Во Хотел Гогов, од 27 до 30 јуни оваа година, ќе се одржи Првиот интернационален за фудбалски тренери „Учиме од шпанскиот фудбал“. Имате можност да добиете непроценливо знаење и искуство од долгогодишниот прв асистент на Маурисио Покетино, кој го одведе Тотенхем во финалето на Лигата на шампионите. 

Младите тренери ќе се стекнат со искуство, искусните ќе се надградат, сите заедно ќе се доусовршиме, затоа што шпанскиот фудбал е секогаш на врвот во Европа и светот. 

Главен предавач на семинарот ќе биде ФРАН АЛОНСО, тренер кој има 15 - годишно непроценливо искуство од кои шест години како дел од Премиер - лигата. Работеше во Саутемптон и во Евертон, беше прв асистент на Маурисио Покетино, Роналд Куман, Семи Ли и на Сем Алардајс. Огромно насобрано искуство од најквалитетната фудбалска лига во светот. 

РОБЕРТО РОДРИГЕЗ САНЧЕЗ е експерт за младинските категории, актуелен во Леганес, има искуство од Кина, каде беше дел од Гвангжу Евергранде, а работел и како скаутинг менаџер на најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид. 

ПАБЛО ДОМИНГО ФЕРНАНДЕЗ БЕРОЈ - Уште еден тренер експерт за млади категории, кој работи во Академијата на Гетафе, една од најпочитуваните во Шпанија. Има работено и во Фудбалската федерација на Шпанија и во клубот Алкоркон. Специјалност му е подготовка на младите фудбалери и нивно воведување во професионалниот фудбал.

КАРЛОС КАСИЛЈАС САНЧЕЗ - Главен координатор на камповите на Реал Мадрид Фондација. Ќе го сподели своето искуство во повеќе области, планирање, менаџирање, едукација, организација...

ПАБЛО ОРДОЊЕЗ ДО ДИОС - Кондициски тренер кој моментно работи во женскиот тим на Атлетико Мадрид. Како да се доведе фудбалерот до врвна форма и како најбрзо да се врати организмот после повреда.

Поврзани вести