Кратко за нас

Ние не сме фудбалски клуб, ниту туристичка или маркетинг агенција, ние се гледаме себеси како амбасадори и мост да создаваме можности, мотивирани од страста да изградиме платформа за помладата генерација да се развива преку меѓународното искуство во областа на културата и спортската размена.
Мисијата и задачата на ИСФТ е да овозможи, организира и спроведе едукација на тренери кандидати, но, во исто време запазувајќи ги трендовите и тековите на тренерската работа, тренирањето и фудбалот воопшто. Организацијата на семинарот има за цел да ги доближи уникатните дизајнирани наставни планови и напредна европска методологија до тренерите учесници на семинарот со цел подобрување на знаењето, размена на соработка, партнерство, комуникација и меѓусебен однос.
Единствен рецепт за успех не постои, но примената на програмата на ИСФТ сигурно може да ве направи подобри и поквалитетни.

Наше мото

Да овозможи, организира и спроведе едукација на тренери кандидати, но, во исто време запазувајќи ги трендовите и тековите на тренерската работа, тренирањето и фудбалот воопшто.

Сите знаеме која е важноста на континуринао учење т.е надградба во светот на фудбалот, а најдобриот начин да се направо тоа е да се учи од професионалци.